Нешто сосема необично на своите купувачи им овозможи оваа книжара во Тајван во која посетителите можат да купуваат само во мрак.
“Vuguan Books” се наоѓа во уметничкиот центар “Pier2”,складиште кое е претворено во креативна книжара, втора по величина во тајванскиот град.
Посетителите поминуваат низ книжарата во екстремен мрак, освен слабите рефлектори над секоја книга и ламбичките за читање на некои маси, друго ништо се гледа. Уникатната книжата ја основал наградуваниот архитект и дизајнер Чу Чих-Канг.
Чу исто така ја дизајнирал и книжарата Фангсуо во Ченгду, која локалниот медиуми ја опишуваат како најубавата книжара во Кина.
Комбинацијата од мрачно опкружување и слабо осветлени книги создава илузија дека книгите „лебдат“ и посетителите кои биле овде велат дека тоа е извонредно искуство. Во таа книжара се наоѓаат 400 полици со книги.
„Ова е дизајнирано на тој начин посетителите да можат да се фокусираат на секоја книга. Во опкружувањето во кое не може да се види, вашите сетила ќе бидат засилени“ – вели Су Ју-Шан, менаџерка на книжарата.
Но не се обидувајте да мамите со помош на смартфон за да го осветлите патот затоа што овде е забранета употреба на ламба.