Иако не е најважната работа на светот, сексуалниот живот е многу важен кога станува збор за врските.
Експертите за врски велат дека тоа е исто толку важно како и довербата и комуникацијата. Тој е извор на задоволство и е одличен начин за ослободување од стресот. Покрај тоа, ни помага да оствариме подобра врска со нашиот партнер.
Еве неколку причини зошто сексот е толку важен во секоја врска:
Страста
Сексот е еден од најдобрите начини да се одржи страста во долгите врски, а истражувањата го потврдија ова. Имаме најдобри односи со личност која е наш најдобар пријател и љубовник во исто време. Ако исчезне сексот, тогаш тоа ќе биде како да сме во врска со пријател. Многу едноставно, нели? Од таа причина, на секоја врска и треба страст, возбуда и сексуалност. Редовните врски со партнерот ја одржуваат страста во врската и ја прават забавна и квалитетна.
Го ублажува стресот
Бројни студии покажаа дека сексот помага да се ослободиме од стресот, а исто така може да ја ублажи болката. Имено, за време на сексуалниот однос се ослободуваат ендорфини и други хормони, кои не прават среќни.
Односи помеѓу партнерите
Сексуалните односи со партнерот позитивно влијаат на интимноста и ја продлабочуваат врската, а исто така можат да ја зголемат самодовербата, со оглед на тоа што се потврда дека некој нè сака и копнее по нас. Сексот е начин на комуникација и да и дадеме до знаење на другата личност во врската дека сè е во ред, и покрај стресот и сите други грижи што ги носи животот.
Позитивно влијае на спиењето
Бидејќи го ублажува стресот, сексот позитивно влијае и на спиењето. После сексот, се ослободува хемиското соединение окситоцин, кое ни помага да спиеме како бебиња.
Тоа нè радува
Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно имаат сексуални односи се многу посреќни од оние чиј сексуален живот е запоставен. Претходно споменавме дека сексот ослободува хормони на среќа, а исто така го подигнува нивото на самодоверба и ни помага да имаме подобро мислење за себе.