Категории

Жените откриваат колку долго посакуваат да трае сексуалниот однос

Без оглед на сите истражувања, прво треба да разговарате со партнерот и двајцата да дојдете до заклучок околу тоа што најдобро ви одговара.

Често во разговор луѓето коментираат дека некој прекратко „издржал“ во кревет или како некој е неуморе, а воглавно таа тема се однесува на мажите. Новото истражување даде одговор на прашање колку на жените им одговара да трае целиот сексуален однос.
Истражувањето открило дека на жените им се потребни 13 минути и 41 секунда за да доживеат оргазам. Исто така, не биле во можност да доживеат вагинален оргазам само со пенетрација и било потребно да се има и предигра.

Со тоа, мажите можат да доживеат оргазам само еднаш, кога ќе се случи ејакулацијата и не можат да продолжат со односот. Од друга страна, жените можат да доживеат неколку оргазми во текот на еден однос, па спрема тоа се заклучува дека жените се поиздржливи во кревет.

Резултатите од ова истражување спроведено на 3,836 жени покажало дека жените се задоволни ако односот трае 25 минути и 51 секунда, но спрема искуството велат дека најчесто трае пократко – околу 16 до 17 минути.
Сексуалните терапевти велат дека тоа време е идеално ако е вклучена и предиграта затоа што вагиналниот секс би требал да трае 7 до 13 минути, со цел уживањето да биде потполно. 1-2 минути е прекратко а 3-7 е просечно, додека 13-30 минути е предолго.

Прегледи:
592
Објавено на:
17.11.2020