Категории

Како овулацијата влијае врз однесувањето на жените

Запрашајте било која личност како менструалниот циклус влијае на расположението на жената и ќе слушнете стотици приказни за ПМС-от и предменструлниот синдром.

Сепак, новите истражувања се сконцентрираа на друг дел од менструалниот циклус – овулацијата и нејзиното влијание врз однесувањето на жената.
Истражувањето објавено во магазинот Evolution and Human Behavior открива дека жените за време на овулација се однесуваат малку диво. Тогаш се отворени кон краткотрајни авантури како и спрема мажи кои изгледаат мажествено (мускулести тела, доминантно однесување, длабок глас и крупно тело).

Истражувањата покажале дека жените во деновите на овулација – односно плодните денови се и пољубоморни, и тогаш се позаинтересирани за интимност и секс.

Исто така, жените кои се во врска со феминизирани мажи за време на овулацијата повеќе гледаат кон други мажи.
Експеримент за онлајн шопинг исто така открива дека жените за време на овулација бираат сексапилна облека и модни додатоци а оние кои општо не ги привлекува сексапилна облека сепак за време на овулацијата трошеле значително повеќе пари на облека.

Прегледи:
792
Објавено на:
18.11.2020