Во знак на поддршка на сите кои се борат во првите линии против коронавирусот, принцот Вилијам и неговата сопруга војвотката Кејт Мидлтон допатуваа во Единбург на почетокот на турнеата со Британски воз и им се заблагодарија на работниците и вработените во домовите за грижа на стари лице и наставници со несебични нпори што вложуваат во текот на овие месеци.
Парот започна тродневно патување со кралскиот воз на кое пропатуваа 2100 километри низ Англија, Шкотска и Велс а турнеата ја започнаа во недела навечер на лондонската станица Јустон, од каде ги испрати велшката поп ѕвезда Шакин Стивенс. Тој во живо го отпеа својот хид од осумдесеттите – “Merry Chrstmass Everyone”.
View this post on Instagram
„Им се заблагодаруваме на сите вработени во сообраќајот кој ни овозможија безбедно патување во текот на оваа тешка година“ – пишуваше на таблата со информации за редот на возењето на возовите пред да тргнат за Единбург.
„Војводата и војвотката се радуваат што ќе им заблагодарат за неверојатниот допринос на работниците во целата земја во текот на оваа тешка година“ – стои во соопштението на Кенсингтонската палата.
Британија е најтешко погодена земја од Covid-19 во Европа со повеќе од 60,000 потврдени смртни случаи.