Сите вистински среќни луѓе добро ги знаат и строго ги почитуваат овие правила.
Ако во животот се ви оди наудоли, внимателно прочитајте го текстот во продолжение и усвојте ги сите наведени правила. Тие ќе ве научат да живеете поубаво, да се сакате себеси и да се грижите помалку. Процесот е долг и бара истрајност. Поради тоа спрема правилата треба да се однесувате сериозно и промислено и треба да ги читате секој ден.
Судбината има совршен план за секој од нас, но е потребно и малку наша добра волја со цел да стигнеме до целта. Ова се најважните правила на сдубината кои среќните луѓе одамна ги научиле:
- Почетокот на се е празнина и таа треба да биде пополнета.
- За да стигнете до целта, не е доволна само желбата. Треба да донесете одлука и само во тој случај се јавува можност за напредок.
- Во животот мора да се плати за се. А најскапа е неактивноста. Понекогаш тоа станува очигледно дури на крајот од животниот пат.
- Ако човек цело време се плаши дека ќе направи нешто погрешно, да не направи грешка тој всушност ја прави најголемата грешка во животот.
- Во животот ништо не е случајно. Сите луѓе кои судбината ни ги праќа се тука, дали ќе бидат лекција или благослов, сите се тука со добра причина.
- Ако гледате дека вистинската цел е недостижна, насочете се на други цели. Кога ќе ги постигнете, вратете се обидете се да посстигнете први.
- Ако во животот не барате ништо, нема ништо нити да добиете. Секогаш е потребно јасно да ги дефинирате целите.
- Во животот не постои апсолутно задоволство. Тоа е секогаш ограничено со нашата перцепција на светот.
- Сакате да го промените животот? Тогаш морате да направите нешто по тоа прашање. Судбината во голем дел ни го одредува патот но потребна и е и наша помош.
- Секогаш решавајте ги сите обврски и препреки на кои наидувате. Тие кога-тогаш ќе пристигнат на извршување.
- Во животот секогаш постои избор. Понекогаш тој се наоѓа во отсуството на избор. Во светот има многу можности. Но да стекнеш едно секогаш губиш нешто друго. Поради тоа губитоците се неизбежни, но нив секогаш посматрајте ги како важна животна лекција.
- Времето е голем сојузник, во него се крие мудрост.
- Човек се обидува да го промени животот но го спречуваат стари стереотипи и навики. Тие цело време се обидуваат да го вратат на вообичаениот живот. Поради тоа, промените секогаш одат доста бавно и бараат големи душевни напори.
- Кога човек размислува позитивно, никој не може да му ја одземе среќата.
- Светот околу нас е апсолутно неутрален. Ние сами го правиме добар или лош. Трудете се да гледате на реалноста позитивно и тогаш и таа ќе биде исполнета со среќа.