Категории

Доколку не можете да ослабите после сите напори – Ви недостига овој витамин

Недостатокот на овој витамин предизвикува повеќе необични тегоби помеѓу кои е и неможноста т.е. отежнато губење на килограми.

Витминот Б12 има клучна улога во голем број основни телесни функции, вклучува синтеза на ДНК и создавање црвени крвни зрнца.
Исто така му помага на телото мастите и протеините да се претворат во енергија и помага во разградувањето на јаглените хидрати.
Недостатокот на Б12 може да предизвика разни тегоби вклучувајќи неможност за губење килограми. На кој начин?

Во студија спроведена во US National Library of Medicine се испитувани врски на витамин Б12 со дебелината, резистенцијата на инсулин и метаболички синдром. Студијата опфатила 976 пациенти од кои 414 биле доста гојазни, а 212 биле умерено гојазни и 351 создавал контролна група.

„Нивото на витамин Б12 било значајно пониско кај гојазните учесници отколку кај оние од контролната група“
Заклучено е дека ниското ниво на витамин B12 се поврзува со гојазноста но не и со резистенција на инсулин, метаболичкиот синдром и полот.
„Витаминот Б12 бил негативен во корелација само со индексот на телесната маса“.

Америчкиот Национален институт за здравје препорачува 2,4 микрограми витамин Б12 дневно за секој кој е постар од 14 години. Препорачаното дневно внесување може да се зголеми за оние со намалена апсорбција. Нема разлика во препорачаниот внес за мажи и жени.

Прегледи:
592
Објавено на:
14.12.2020