Категории

Човек се раѓа со чисто и неизвалкано срце – Од него зависи дали ќе дозволи светот да го направи суров

Светиот човек пливал во реката. Еден човек мрзеливо лежел на брегот и го набљудувал. Светиот човек пред себе здогледал шкорпија. Бидејќи му било жал за сиротото суштество, го земал и лесно и нежно го спуштил на земјата. Додека го правел тоа, шкорпијата силно го прободила. Светецот почнал да вика од болка.
„Посакав да те спасам и те спасив. Зарем ова ми е наградата? Сепак, ја извршив својата должност.“

После неколку минути шкорпијата паднала во реката. Човекот и понатаму набљудувал се што се случува.

„Ох кутро суштество, повторно патиш. Жал ми е“. Светецот повторно ја подигнал шкорпијата и ја ставил на земајта а таа повторно го прободела овој пат уште посилно. Тој почнал да јаука од неподносливата болка.

Човекот од брегот довикал „Ти си луд! Зошто го правиш тоа? Погреши првиот пат и повторно ја направи истата грешка“
„Пријателу мој, што можам да направам?“, одговорил светиот човек. „Во мојата природа е да сакам, во мојата природа е да спасувам. Природата на шкорпијата е да мрази, природата на шкорпијата е да прободува. Јас морам да ја следам својата природа, а шкорпијата својата. Ако повторно падне во водата, повторно ќе ја извадам без оглед на тоа колку пати ќе падне. Ќе ме прободе, ќе плачам и ќе јаукам, но нема да се откажам од својата природа која е да сакам, спасувам и да ги штитам другите.“

Човекот веднаш скокнал во водата за да ги допре нозете на светецот.
„Ти си мојот учител. Мојот гуру. Трагав и барав свој гуру. Денес во тебе конечно го пронајдев. Бидејќи сум твој ученик, ако отсега шкорпијата падне во водата, јас ќе ја вадам од неа.“

Потоа тој му помогнал да излезе од водата. Сега светецот седел на брегот и го гледал ученикот како ја вади шкорпијата од водата и ја става на сувата земја, но таа не го прободува.

„Учителу, зошто сега мене не ме прободе? Мислев дека и мене ќе ме прободи. Тебе немилосрдно те прободе не разбирам“, прашал ученикот.
„Дете мое, не разбираш? Ако ти кажам дали ќе ми поверуваш?“
„Те молам кажи ми, ќе ти поверувам учителу!“
„И шкорпијата има душа, а неговата душа веднаш му пренесе дека ти, наместо да го спуштиш на земјата, веднаш ќе го убиеш ако те убоди. Шкорпијата знае дека не би го поднела тоа. Од тебе шкорпијата не доби никаква гаранција за својата сигурност. Не те касна затоа што чувствуваше
Во мојот случај душата на шкорпијата знаеше дека, без оглед на тоа колку пати ќе ме прободи, никогаш нема да ја убијам и само ќе ја спуштам на земја поради нејзината безбедност. Во секојдневниот живот, луѓето исто така се тепаат, расправаат и се закануваат едни на други за да видат дали нивните противници се слаби или немаат волја за борба. Ако видат дека некој е посилен од нив, молчат.“, рекол светиот човек.
„Учителу дали ти имаш ученици?“
„Имам многу, многу ученици.“
„Како постапуваш со нив?“
„Давам и земам, земам и давам. Секој ден го земам нивниот отров, и им давам нектар. Ја земам нивната тежина и им давам спознавање. Земам од нив она што го имаат – незнаење, а им давам она што го имам – мудрост. Тие мене мене ми осигуруваат исполнување а јас нив спознавање. Едни на други сме си потребни. Јас ти сум тебе потребен за да можеш да се испразниш себеси, својата нечистотија, несовршеност, темнина и незнаење да ги додадеш во мене. А ти мене си ми потребен за да можеам да те исполнам со сето мое, што е во мене. Така ние се исполнуваме еден со друг. Твојата природа е да ми го дадеш она кое го имаш: нечистотија, темнина, несовршеност, ограниченост, поврзаност и смрт. Мојата природа е да ти го дадам она кое јас го имам: чистота, љубов, радост, светлина, блаженство и совршенство. Кога твојата природа ќе влезе во мојата природа, и двајцата сме потполно исполнети. Така трагачот и Учителот го исполнуваат Севишниот.“

Прегледи:
575
Објавено на:
19.12.2020