Една вечер, доцна во ноќта, некој сиромашен селанец забележал на патот кон својата куќа дека при себе го нема својот молитвеник. Така, насред шума, тркалото од неговата запрежна кола се скршило. Бил доста зажосен поради тоа што денот се завршуваш а тој не ја изрекол својата омилена молитва.
Се молел: „Господе, направив нешто глупаво, утрото излегов од својот дом и не го понесов својот молитвеник а помнењето ми е доста лошо, не знам нити една молитва напамет. И затоа ќе го направам ова. Сосема полека ќе ја изрецитирам целата абецеда пет пати, и ти, кој ги познаваш сите молитви, можеш да ги сложиш буквите и да направиш момлитва на која ќе можам да се сетам.“
И Господ му рекол на ангелот: „Од сите молитви кои денес ги чув, ова е најубавата затоа што доаѓа од едноставно и искрено срце.“