Категории

И колку да мислиш дека твојот глас е мал и неважен – Можеби тој е оној кој всушност недостига

„Кажи ми, колку тежи една снегулка?“ – ја запрашала малата сипка една гулабица.
„Тежината не и е поголема од ништо“ – гласел одговорот
„Тогаш морам да ти раскажам една приказна“ – рекла сипката.
„Седев јас на гранката на една елка, близу стеблото кога почна да паѓа снег. Паѓаше како во сон, без брзање и жестокот. Бидејќи немав попаметна работа, почнав да ги бројам снегулките кои паѓаа на гранката и игличките на гранката на која седев. Доброив до три илјади и седумстотини и една снегулка. А кога паднаа три илијади седумстотини и две снегулки, снегулката за која велиш дека не тежела повеќе од ништо, ја скрши гранката“

Кажувајќи го тоа, малата птица одлета.

Гулабицата која уште од времето на Ное е знак на мирот, размислувала за оваа приказна и на крајот си рекла самата на себеси:

„Кога на некој му се чини дека неговиот мал глас е неважен за мир во светот, можеби всушност тој е оној кој недостига“.

Прегледи:
756
Објавено на:
22.12.2020