Категории

Племето Тробријанд практикува слободна љубов – Имаат места за вонбрачни средби а децата им се плод на магија

Се облекуваат доста живописно, на свадбите си подаруваат полирани камења едни на други.

На другиот крај на светот, поточно во Саломонското море, постои еден остров на кој живее едно необично племе. Кај нив сфаќањето на љубовта и сексот се разликува повеќе отколку во другите делови на светот, пожелно е жените и мажите да имаат љубовници а имаат и специјални колиби кои се создадени за „букуматула“ – кои служат за вонбрачни дружења.

Припадниците на племето Тробријан во Јужниот Пацифик сметаат дека децата на свет доаѓаат благодарение на магија, а не љубов и секс. Во ова племе каде владее слободната љубов, жените се тие кои го имаат главниот збор а брачните завети се запечатени со подароци – тропски билки и полирани камења.

Каде е слободната љубов тука се и конфликтите, а тие не се решаваат со тепање, како што сте претпоставувале туку со спортски натпревари и играње крикет во што можат да учествуваат и жени.

Девојките рано се навлекуваат на се што се однесува до контрацепцијата а невиност нема баш никаква вредност. Ако девојката сепак забремени, нејзиното семејство води грижа за бебето спрема нивниот обичај, вистинскиот татко на детето е „Балома“ т.е. дух додека мажот само помага жеанта да се „отвори“ за бременоста.

Интересно е тоа дека овде мажот дури е во брак, на жената и дава подароци за сексуалниот однос.
Иако се повеќе од нив одат во училиште, нивниот пристап кон љубовта останува ист и покрај ХИВ вирусот кој ги коси.
Интересно е дека тие не сакаат да се мешаат со странци и дека за нив белците им се грди и непривлечни.

Покрај интересните сфаќања на љубовта и животот, племето има и интересна мода. Поглаварот на селото секогаш носи лажица направена од коска од птица како и палмини лисја.
Девојките на главата ставаат венци од свежи цвеќиња додека вдовиците ја бричат својата глава.
Она по што се единствени се црвените здолништа направени од сува трева а носат и накит од школки, перја и свежо цвеќе. Тие најчесто се носат на венчавки и други племенски церемонии. Девојките и жените танцуваат топлес а своето тело го мачкаат со кокосово масло, нане и лимонова трева.

Мажите својата глава ја украсуваат со перја од папагали. Тинејџерките носат обетки од оклопи од желби кои ги наследуваат генерациски додека традиционалните чизми се прекриени со школки.