Категории

Луѓето кои не можат да спијат без чорапи по природа се нежни и се најсреќни во нечија прегратка

Дали припаѓате на онаа група која не може да спие без чорапи или на другата која не го разбира овој чин? Што зборува тоа за вашиот карактер?

Спиењето со чорапи е сосема нормална работа за некои луѓе, додека други не можат да сфатат како е да се оди во кревет без да се биде бос. Иако многумина мислат дека станува збор за навика, психолозите сметаат дека станува збор за психата. Луѓето кои спијат во чорапи обично треба да бидат позаштитени отколку што се во моментот

Колку што сме чуле разни приказни за стекнување на оваа навика, психолозите тврдат дека таа нема никаква врска со топлината и студот во просторијата, туку дека секогаш е поврзана со состојбата на организмот. Според психолозите, луѓето кои спијат со чорапи тоа го прават затоа што навистина чувствуваат студ, иако не е студено во просторијата. Ова може да биде поврзано со разни физички аспекти како што се дебелината на кожата или бавниот метаболизам. Но, спиењето во чорапи е исто така одраз на психата.

Имено, луѓето кои не можат да спијат без чорапи на нозе, обично треба да бидат позаштитени отколку што се моментално, сакаат да останат на пријатни места и секогаш да се обидуваат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во нечија прегратка и не им пречи да го споделуваат својот личен простор со други луѓе.

Прегледи:
1433
Објавено на:
21.01.2021