Категории

Како еден човек може да ги победи своите непријатели?

Стара кинеска мудра приказна која носи доста длабока поука – Како еден човек може да ги победи своите непријатели?

Античкиот кинески владетел свечено се заколна еден ден: „Ќе ги покорам и отстранам сите свои непријатели“.

Неколку дена подоцна неговите поданици се изненадија кога го видоа како шета низ градината со неговите најжестоки непријатели, се смее со нив и се шегува.

„Па“, рече една од кралската придружба, „зар не се заколна дека ќе ги отстраниш сите свои непријатели од кралството?

„Навистина ги отстранив“, одговори владетелот, „правејќи ги мои пријатели!