Во паркот Докум во турскиот град Анталија е поставена минијатурна дрвена трикатна куќа со 64 соби за мачки, кои се целосно опремени со се што е потребно за удобен и безбеден престој на овие миленици. Општина Кепез соопшти дека паркот Докум, по своите музеи, библиотеки, уметнички галерии и научен центар, неодамна имал нови содржини што ќе гарантираат удобен престој на животните.
Канцеларијата за управување со паркот претходно формираше 30 куќи за птици во Докум, а работите за изградба на сместување за мачки неодамна завршија. Покрај сместувањето, поставени се и помали куќи, како и други објекти за мачки, како дел од еден вид мачки град, пренесува агенцијата Анадолија. Властите на општината Кепез во Анталија, исто така, ќе формираат болница за животни. Центарот за привремено сместување на бездомни животни ќе се трансформира во болница каде на животните ќе им се даде можност за лекување, рехабилитација и сместување.
Болницата за животни исто така ќе понуди услуга за брза помош, и ќе биде опремена со операциони сали, лаборатории за анализа на крв и единици за интензивна нега, рендгенски прегледи, постоперативно закрепнување и карантин. Во паркот Минијатурна Турција, официјално отворен во април 2019 година, како дел од паркот Докум, се изложени 84 минијатури на површина од 10.000 метри. Градот на мачките треба официјално да се отвори на 17 февруари.