Не плаши се да ги покажеш своите мрачни страни, некој ќе ги најде привлечни.
Ова е вашиот потсетник за да почнете да правите нешта кои ве исполнуваат. Направете плејлиста со вашите омилени песни, ризикувајте и направете го тој несигурен чекор. Кажете некому дека го сакате илјада пати. Размислете длабоко за сите нешта кои ја болат вашата душа. Имајте го разговорот кој толку долго го исчекувавте.
Изговорете ги зборовите што ви го горат грлото. И колку да се плашите сепак направете го тоа. Скокнете во непознатото.
Започнете со тоа хоби што отсекогаш сте го посакувале или започнете да чекорите по креативниот пат за кој сте сонувале секогаш. Седете со вашата болка, вашиот страв и со вашите „што-ако“, но сепак следете ги. Покажете ги страните од себеси што не сакате никој да ги види. Направете го тоа дури и ако сте преплашени. Дури и ако се несовршени, затоа што на крајот на денот вие се залагате за самите себеси. Напишете ги зборовите што никогаш не сте ги напишале, објавете ја сликата што никогаш не сте ја објавиле, само споделете парчиња од вас со овој свет.
Ова е животот и не мора се да биде совршено, не мора се да биде беспрекорно. Само серија од мигови кога ја давате вашата доверба во универзумот. Живеењето е овие мали нешта. Неуредните. Распрснатите.Затоа, дозволете си да зачекорите надвор од она што отсекогаш сте го знаеле. Поставувајте прашања. Дајте одговори. Започнете нешто ново и ослободете се од она што повеќе не ви служи. И, дојдете си дома на крајот на денот, во домот во себеси каде можете да бидите вистинскте вие. Ова е животот. Неуреден, нефилтриран и застрашувачки, но во тоа се крие вистинската убавина.