Категории

Разликата помеѓу обичните граѓани и алчните луѓе на власт – Приказна која морате да ја прочитате

„Еден ден еден цвеќар дошол во фризерски салон да се потстрижи. Кога дошол редот да плати, фризерот му рекол: „Нема да ти ги земам парите, работам како хоби оваа недела“. Цвеќарот му се заблагодарил и си заминал. Следното утро, кога фризерот дошол во неговиот салон, пред вратата пронашол благодарница и петнаесет рози.

Следниот ден, еден пекар влегол во неговата продавница и кога требал да плати, фризерот му рекол: „Нема да ти ги земам парите, оваа недела работам како хоби“. Пекарот излегол од салонот пресреќен. Утрото, кога фризерот пристигна на работа, на прагот нашол петнаесет вкусни крофни.

На третиот ден, дошол сенаторот. Кога сакал да плати, фризерот исто така му рекол: „Нема да ти ги земам парите, работам како хоби оваа недела“. Сенаторот со ентузијазам го напуштил салонот. Кога пристигнал на работа наутро, фризерот пронашол петнаесет сенатори, десет пратеници, градоначалникот, неговата сопруга и шест деца, неколку министри пред неговиот салон и сите чекале бесплатна фризура. Ова е разликата помеѓу „обичните“ граѓани и луѓето на власт“.

Прегледи:
646
Објавено на:
13.03.2021