Категории

Порака до сите родители – Приказна за девојчето кое ретко се насменувало

Млада брачна двојка влегла во најдобрата продавница во градот. Долго време, мажот и жената ги гледале шарените играчки наредени на полиците, обесени од таванот, во прекрасен хаос на рафтовите. Имало кукли кои се смееле и плачеле, електронски игри, минијатурни кујни за подготвуваа пици и колачи. Тие не можеа да одлучат. Им пришла една млада и елегантна продавачка.

„Знаете..“, објаснила жената, „имаме мало девојче, но и двајцата сме отсутни по цел ден, а често и навечер“. „Се работи за девојче кое ретко се смее“, продолжил човекот. „Би сакале да и купиме нешто што ќе ја направи среќна“, рекла жената повторно, „И кога ќе нè нема… Нешто што ќе ја направи среќна кога е сама“.
„Извинете“, љубезно се насмевнала продавачката. „Ние не продаваме родители!

Прегледи:
633
Објавено на:
14.03.2021