(ВИДЕО) Овој начин на предлагање ретко се гледа. Ештон (29) и Британи (27) се пар од Велика Британија и се во врска веќе 2 години.
Тие се доказ дека најлудите работи се случуваат кога не ги планирате. Ештон решил да и постави судбоносно прашање на својата девојка и планирал да биде апсолутно романтично, на местото каде што први се бакнале. Иако, не отиде сè како што тој посакуваше, на крајот се покажа дека е многу пооригинално отколку што планираше. Бидејќи и двајцата се љубители на екстремните спортови, тие на првиот состанок возеа мотор со четири тркала. На тој ден кога планираше да ја запроси, ја однесе на истото место, но временските услови ги нарушија неговите планови.
Поради количината на дожд што паѓаше цело време, беше каллив, па неговиот квад се заглави среде таа кал. Бидејќи сè веќе одеше спротивно на неговата волја, тој во тој момент го извади прстенот и ја запроси со следниве зборови: „Бидејќи сме заглавени, нема да можеш да избегаш од одговорот. Дали сакаш да останеш заглавена со мене до крајот на твојот живот? Биди ми Жена.”
Следуваше насмевка и секако позитивен одговор.