Категории

Љубовта е повеќе од само некој кој ја држи вашата дланка – Љубовта е сè околу вас!

Љубовта постои во многу повеќе од романтичен партнер. Љубовта е сè околу вас. И се надевам дека ќе научите како да ги отворите очите кон тоа. Се надевам дека ќе најдете љубов во секој аспект од вашиот живот. Се надевам дека ќе ја пронајдете во изгрејсонцето и мирисот на вашите омилени места. Се надевам дека ќе ја најдете испреплетена помеѓу смеата што ја споделувате со пријателите, се надевам дека ќе отскокне од вас кога ќе ги прегрнете луѓето за кои се грижите, се надевам дека ќе ја почувствувате во празнината на секое ваше ребро кога ја слушнете омилената песна или кога ќе откриете нешто што ве возбудува.

Се надевам дека ќе се заубите во растот, и промените, и неуредноста и убавината на правењето грешки, и да станете токму она што сакате да бидете. Се надевам дека ќе најдете љубов на места кои некогаш сте биле лишени од неа, на места во себеси за кои во минатото можевте да бидете помеки, по љубезни. Затоа што ако едно нешто треба да научите, тоа е дека љубовта е многу повеќе од човечко суштество што го држи твоето срце. Љубовта е сè околу вас. Таа е сè.

Прегледи:
469
Објавено на:
17.07.2021