Погледнете ја преубавата бамбусова шума во Јапонија, која се смета за вистинско чудо на природата.
Шумата под назив Сага Арашијама во јапонскиот град Кјото е вистинско чудо на природата. Оваа шума спаѓа во омилените туристички атракции во Јапонија на посетителите кои ја сакаат природата, но и омилено место за медитација на Јапонците, бидејќи пружа прекрасен чист воздух и мир, неопходен за концентрација и прочистување на умот.
Влезот во оваа чудесна шума не се наплаќа, а отворена е за посетителите 24 часа дневно, седум дена во неделата.