Меган Маркл и принцот Хари се наоѓаат на листата на 100 највлијателни луѓе за 2021. година според магазинот „Time“.
Објавена е и насловна со нив на која тие гледаат во камерата со сериозни изрази на лицето, а позади нив се наоѓаат стебла.
Насловната страна доби многу коментари.
View this post on Instagram
„Зошто се крие позади неа?“, „Дефинитивно се гледа кој носи панталони во ова семејство“, „Ова е нивната најлоша фотографија која сум ја видел“, „На кој начин се влијателни?“, се само некои од коментарите.
Хосе Андрес во својот есеј за славниот пар, помеѓу останатото, напишал дека Меган и Хари ризикуваат за да им помогнат на оние на кои им е потребна помош, посебно во вид на ментално здравје, како и на оние погодени од катастрофи во Индија и на Карибите.