Додека целиот свет се бори против КОВИД – 19, станавме свесни од колкаво значење е сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Кардиоваскуларните болести сѐ уште се водечки здравствен проблем во светот и во Македонија. Од нив годишно умираат дури 18,6 милиони!
Зошто „Поврзи се со срцето“?
За личностите кои се заболени од кардиоваскуларни болести, а такви во светот се околу 520 милиони, КОВИД -19 претставата дополнителна закана за развој на тежок облик на болеста, а многу од нив се плашат да отидат на редовен или итен преглед поради стравот од зараза. Исто така, дел од нив се изолирани од своите семејства и пријатели што претставува дополнителен терет за нивното телесно и ментално здравје.
Токму поради тоа, овогодинешната кампања по повод Светскиот ден на срцето не повикува да се поврземе со срцата. Иако сме поизолирани од било кога, можеме да се поврземе со сопствените срца и срцата на нашите најблиски. Да се поврземе значи да се грижиме за здравјето на срцето, да одбереме здрави животни навики – да престанеме да пушиме, здраво да се храниме, да го контролираме крвниот притисок, да одиме на редовни прегледи, да ја користиме современата технологија за контрола на здравјето на срцето, но и да се грижиме за здравјето на блиските.
Причините за кардиоваскуларни болести се многубројни: пушење, дијабетес. висок крвен притисок, неправилна исхрана, телесна неактивност, загаден воздух. Мора да се напомене дека на поголемиот дел од овие причини може да се влијае, односно може да се делува – да се изменат, контролираат или лечат.