Категории

Луѓето родени во ова годишно време живеат најдолго: Занимливости за есента кои не сте ги знаеле

Ова се интересни факти за есента кои досега не сте ги знаеле:

Зошто менуваат боја лисјата?

Бидејќи денот во текот на есента е пократок, дрвјата започнуваат да се подготвуваат за зима. Тоа значи дека се намалува количината на хлорофил во листот, а потоа се менува и бојата. Така настануваат жолти, портокалови и црвени нијанси. Колку се поцрвени лисјата, толку повеќе шеќер чува листот во себе.

Луѓето родени во ова годишно време најдолго живеат

Многу истражувања покажале дека луѓето родени во текот на есента живеат подолго од оние родени во некое друго годишно време. Статистиката покажува дека има најмногу луѓе кои го дочекуваат стотиот роденден родени во септември, октомври и ноември.

Важна легенда

Според грчката митологија есента настапила кога богот на подземниот свет -Хад, ја киднапирал Персефона и ја направил своја жена. Бесната Деметра – божицата на плодноста, жетвата и воедно мајка на Персефона ги уништила сите семиња додека ќерката не се вратила. Во тој момент започнала пролетта.

Верверичките стануваат попаметни

Кога верверичките јаа складираат и кријат храната во текот на есента, нивниот дел за мозок задолжен за меморија и емоции се зголемува за 15%. Благодарение на тоа, подоцна се сеќаваат каде ја оставиле храната.

На некои места есента никогаш не пристигнува

Доѓањето на есента го чувствуваат повеќето луѓе, но не и оние кои живеат на тропските краишта, како на пример Кариби. Таму температурите се секогаш повисоки, па нема класична есен.

Прегледи:
481
Објавено на:
07.10.2021