Категории

Животот ми се распаѓаше: Адел никогаш поискрено за разводот, синот и кариерата! (ФОТО)

Британската поп пејачка Адел позираше за ноемвриското издание на „Вог“ и проговори за мајчинството, разводот, новиот албум и зошто е токму овој албум посебен.

Годината кога се развела, Адел ја нарекува „година на анксиозноста“, а за разводот вели дека поминал „лесно колку што може еден развод да помине“. Напоменала дека го напуштила сега веќе поранешниот сопруг Сајмон Конецки и доколку не го направела тоа “ќе била несреќна ако не се ставела себеси на прво место“. Исто така го спомнала и односот со својот син: Еден ден, кога имаше само шест години ми рече во лице: „Ме гледаш ли?, јас му одговорив „да“. А тој ми рече дека тој не може да ме види мене. Тогаш ми се распадна целиот живот. Знаеше дека не сум таму покрај него, психички“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Оттогаш решила со него да почне да дели сѐ и ја напишала песната за нејзиниот син. Истакнала дека новиот албум се разликува од другите: „Сфатив дека проблемот сум јас и работам на тоа да се вратам. Знам што сакам. И навистина знам што не сакам“, рекла Адел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alasdair McLellan (@alasdairmclellan)

Интервјуто го надополнуваат и прекрасни фотографии создадени од Аластер Маклелан. На нив, дивата изгледа беспрекорно, а особено е интересна насловната фотографија на која Адел позира во раскошна зелена тоалета.

Прегледи:
527
Објавено на:
08.10.2021