Стаклените чевли го трансформираа животот на Пепелашка, а таков ефект имаат и во нашето секојдневје. Како влијаат на нас најдобро кажале оние кои ги креираат чевлите и жените кои ги обожаваат.
„Чевлите го трансформираат говорот на тело и ставот. Ве подигаат физички и емоционално“. – Кристијан Лобутин
„Чевлите се најбрз начин жените да доживеат инстантна метаморфоза“ – Маноло Бланик
„Сѐ уште стојам на двете нозе цврсто на земја – само носам подобри чевли“ – Опра Винфри
„ Вистински доказ за елегантна жена е она што го носи на нозете“ – Кристијан Диор
„Не можам да се сконцентрирам во рамни чевли“ – Викторија Бекам
„Не се плашам од висина – сте ги виделе ли моите потпетици?“ Кери Бредшо
„Како може да живеете живот на висока нога ако не носите високи потпетици“ – Соња Рикел
„ Секогаш носете високи потпетици. Ви даваат моќ. Поинаку се движите, поинаку седите, дури и поинаку говорите“ – Керин Ројтфелд
„ Чевлите мора да имаат многу високи потпетици и платформа за да ја стават женската убавина на пиедестал“ – Вивиен Вествуд
„Животот е краток, вашите потпетици не мораат да бидат“ – Брајан Атвуд