Бразилскиот модел Алесандра Амброзио (40) важи за една од најубавите жени во светот и со својата атрактивна појава привлекува внимание каде и да се појави.
Алесандра беше сликана како го користи слободното време да се вози со електричен тротинет низ Брентвуд, дел од Лос Анџелес, а папараците ја уловиле во лежерно издание.
Имено, бразилската убавица е сликана во удобна памучна тренерка, додека на лицето немала ни грам шминка. Со обзир на тоа дека секогаш ја гледаме средена, ова опуштено издание ги збунило и изненадило минувачите.