Категории

Кратка приказна на Паоло Коелјо за кралот и стариот скитник: Се чита за 5 минути, а се памети засекогаш

Кратка приказна на Паоло Коелјо која открива што е вредно во животот…

Кралството на овој свет

Еднаш најмоќниот крал го повикал стариот скитник да го посети неговиот двор.

– Ви завидувам, се задоволувате со толку малку – му рекол кралот на скитникот.

– Јас Вам ви завидувам, Ваше Височество бидејќи се задоволувате со уште помалку – одговорил скитникот.

– Како можеш да кажеш такво нешто, ако целата држава ми припаѓа мене? – рекол навредениот крал.

– Токму поради таа причина. Имам музика на небесните сфери, имам реки и планини низ целиот свет, имам Месечина и Сонце, бидејќи го имам Бога во душата. Вие од друга страна, Ваше Височество, го имате само ова царство.