Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, објави дека оваа компанија официјално го сменила името. Отсега ќе се вика Мета.
Неговата последна објава за ребрендирање на компанијата, која ги поседува и Instagram и WhatsApp, предизвика конфузија и шпекулации на социјалните мрежи.
Компанијата, која ја објави промената на годишната конференција за програмери, соопшти дека одлуката за преименување е донесена со цел подобро да го „опфати“ она што го прави сега, бидејќи се проширува надвор од социјалните мрежи во области како што е виртуелната реалност.
Името „Мета“ се заснова на повеќекратните референци на Закерберг за Метаверзум – онлајн свет каде што луѓето можат да играат, да работат и да комуницираат во виртуелна средина, често користејќи VR слушалки.