Закопајте ја вашата вообразеност и ароганција. Никој не е нешто повеќе од никого, или нешто подобро. Штом почнете да размислувате така, тоа е знак дека сте далеку под другите. Дали затоа се однесувате така поради брендот на облеката? Куќата што ја имате? Некоја позиција во општеството? Знаеш ли дека сето тоа можеш да го изгубите утре? И што ќе правите тогаш? Кој ќе биде покрај вас? И дали ќе можете да сметате на оние што некогаш сте ги нарекувале пријатели?
Знаете дека постои нешто што се нарекува вистинска големина. Едноставност. Чисто лице. Испружена рака кон оној до него. Малкумина се оние кои го разбираат ова. Вие сте поголем човек кога другите може да сметаат на вас. Кога на некој му е мило што ве гледа и ви се радува како мало дете. Такви треба да бидете, луѓе пред се.