Категории

Знаете ли зошто на женските гаќи има машничка? Ова е причината!

На Редит неодамна се појави прашањето „Зошто најчесто на женските гаќи има една машничка на предната страна?“, а судејќи по коментарите постојат неколку теории на оваа тема.

Поголемиот дел од луѓето велат дека гаќите порано биле без еластични гумички на рабовите, кои денес постојат за да го држат долниот веш прилепен на телото, па се шиеле додатоци кои се прицврстувале и заврзувале во машна од предната страна – логично, бидејќи така полесно се облекуваат и соблекуваат отколку на задната страна.

Некои велат дека тоа е така поради тоа што жените порано станувале многу рано, пред изгрејсонце и се облекувале во мрак, или со една свеќа. Машничките им го олеснувале облекувањето бидејќи благодарение на нив знаеле која страна е предна.

Денес повеќе не постојат тие проблеми, но дизајност се задржал веројатно поради традиција.

Прегледи:
656
Објавено на:
07.11.2021