Категории

Престанете да се жалите за лошиот ден – Некој не добил шанса ни да се разбуди утрово

Ако денес одлучите да се пожалите на некого или нешто што не ви се допаѓа, запомнете ги оние кои не знаат да зборуваат. Може да се жалите дека моментално не сте на некоја чудесна дестинација што сте ја виделе на некоја слика, но запомнете ги оние кои не можат да одат. Можеби ќе се пожалите и на ручекот кој ви го приредиле денес, бидејќи не ви бил по вкус, но запомнете ги оние кои не јаделе со денови и кои би ставиле во уста и нешто од подот.

Немојте да се жалите на времето, да кажете дека е топло, ладно е, нема ветер, но запомнете ги оние што не добија шанса да се разбудат утрово. Искусете го овој ден. Можеби денес ќе се жалите за кој знае што и за кој знае кого, и  ќе се жалите дали ќе ви биде полесно, но запомнете ги оние на кои им е потешко. А сепак тие не го трубат тоа нашироко. Не велам дека треба да се споредувате и фалите кој е полош, но обидете се да се заблагодарите. Кажете благодарам за се што имате и што сте. Затоа што колку и да мислиш дека имаш малку, можеби всушност имаш многу.

Прегледи:
399
Објавено на:
13.11.2021