Категории

Домашната компанија и во новата година со хумани проекти… ОВИЕ ПРАЗНИЦИ СЕ ЗА СИТЕ – порачуваат од Сара Фешн

Со наменски новогодишен тв спот Овие празници се за сите, македонската компанија Сара Фешн успешно ја завршува годината што изминува, но и ги најавува своите нови проекти во годината што следува. Преку емотивен спот Сара Фешн потсетува дека најрадосните новогодишни и божиќни празници треба да се споделат со сите…

Празниците се вистинска можност да прославиме, но и да се замислиме… колку правиме едни за други? Колку во највеселите мигови од годината помислуваме на оние кои можебии неможат да ја споделат радоста со нас! Сара Фешн како општествено одговорна компанија преку целата година се грижи за заедницата, а така  продолжуваме и во наредната… Во договор со Црвениот крст ќе реализираме повторно неколку хуманитарни проекти, кои покрај што директно ќе помогнат на одредени целни групи, индиректно ќе го свратат вниманието на сите нас дека тука сме сепак едни за други – изјавија од Маркетинг секторот на компанијата.

Од Црвениот крст ги поттикнуваат сите компании да се придружат на овие иницијативи и да помогнат онаму каде што е најпотребно:

Ние како Црвен крст се радуваме на секоја иницијатива. Кревањето на свесноста за општествена одговорност е секогаш добредојдена. Работиме на различни проекти и опфаќаме многу ранливи категории. И во следната година ќе продолжиме со истото темпо, посветено и одговорно. Во очите на овие деца, ние сме суперхерои на денешницата, затоа да подаруваме, да се радуваме. Сите заедно да ја пренесеме пораката дека „Секој од нас, може да биде нечиј Дедо Мраз“. Не е доцна да ни се приклучат сите заинтерсирани страни, и затоа во оваа прилика би сакала да упатиме апел до сите хумани граѓани и компании, да ни се приклучат во иницијативата и да ги поддржат искрените позитивни промени во заедницата, кои ги создаваме со многу труд и љубов. – потенцираат од Црвениот крст.

Кампањата Овие празници се за сите, а во рамки на проектот 22 години заедничка приказна, Сара Фешн ќе ја спроведува за време на новогодишните и божиќни празници со единствена порака за заедништво и општествена одговорност. Среќни празници!