„И за среќа треба дарба, среќниот човек ја создава среќата. “
Некои луѓе имаат способност да ги расположат другите, делејќи ја својата хармонија, надеж и позитива. Покажуваат дека можеме да направиме апсолутно се, а за тоа е доволно само да се насмееме и да му намигнеме на животот.
Добрите луѓе мирисаат на интима, прегратки и љубов. Тие зрачат со топлина, со нив се трудиме да бидеме што по отворени. Покрај нив е удобно, како да сме дома.
Тие секојдневно не мотивираат, не усмеруваат на добро и имаат добри намери. Не е изненадување што сите сакаат да им бидат пријатели. Постојано наоѓаме изговор да ги прегрнеме, да ја видиме нивната нсмевка..
Некои луѓе можат да влијаат на нашето расположение само со едно весело „Добро утро“ пропратено со насмевка. Научно е докажано дека кога искрено комуницираме со некоја особа, стануваме толку подложни на нивната емоционална состојба па дури и нашите покрети ги повторуваат покретите на соговорникот.
На пример ако таа личност се насмевне, и ние автоматски ќе го направиме истото. И тоа не е имитација, туку ние само се „одразуваме“ на расположението на овие луѓе и нивните емоции.
Психолозите сметаат дека во нас потсвесно се будат емоции кои доведуваат до таканаречена емоционална синхронизација.
Што значи дека ние ги симпатизираме луѓето со висок степен на емоционална издржливот и одлучност. Тие ја подобруваат нашата благосостојба и позитивно влијаат на нашето расположение.
Сакаме среќни луѓе со добри намери, затоа што не напаѓаат со своето добро расположение, не мотивираат и не прават среќни. Ни пружат чувство на самодоверба дека можеме да го промениме светот.