Денес волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, решија да ги израдуваат дечињата на Клиниката за детски болести, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен, а потпомогнати од Дедо Мраз. Спуштајќи се со јажиња на Клиниката за детски болести, на малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пакетчиња за претстојните празници.
Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје
Не треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој! Подарете насмевка!