Категории

СРЕЌЕН ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2022 ГОДИНА

Време е за нови почетоци, нови предизвици и нови цели!

ОВЕН

Ќе имате поголема верба во себеси и дополнителна доза на сигурност во своите знаења, па така ќе добиете чувство дека на вашите патишта не постојат препреки.

Нагласена е вашата решителност и упорност која ќе ви даде сила да издржите во своите напори за успех. После хаотичниот период, конечно ќе пронајдете баланс и хармонија и ќе создадете цврсто тло за развој на вашата кариера.

Со успех ќе ги завршувате задачите, па така навистина ќе уживате во она што ќе го работите. Ќе добиете вистинска шанса да напредувате и ќе добиете награда за својот труд.

Цела 2022 година ќе биде во знак на професионален напредок и успех, како и исклучителна финансиска стабилност и просперитет.

До август, вашето здравје но и љубовниот живот ќе ви бидат во прв план и ќе станат клучни точки на вашиот живот. Ќе бидете во состојба да пронајдете ефикасно решение за својот здравствен проблем, но и ќе ја подобрите целокупната психофизичка состојба. Ќе имате потреба за драстична промена на вашиот физички изглед. Втората половина од 2022 ќе ви донесе исклучително поволни вести кога станува збор вашиот љубовен живот.

БИК

После долг период на статичност, ќе настанат промени во вашето деловно поле. Ќе се борите за повисоки цели и ќе бидете многу храбри, а секој ризик ќе се исплати.

Некои од проблемите сами од себе ќе се решат, а за некои ситуации, потребно е време и трпение за воопшто да видите резултати.

Изразени се вашите пријателства, партнерски и колегијални односи, организациони способности, социјален ангажман, па дури и извесна политичка активност. Во 2022 година на полето на кариерата ќе делувате како вистински професионалец и ништо нема да ви претставува терет. Искуството кое ќе го стекнете ќе биде вистинска животна лекција за вас. Ќе бидете наградени со долгорочен успех и остварување на зацртани цели.

Очекувајте успех на љубовен план, но и во сите врски – пријателски, партнерски, колегијални. 2022 година за биде поволна година за вашиот приватен живот, но и за стекнување со нови пријателства и бизнис контакти. Втората половина од годината ќе биде поповолна за вашите финансии.

Бидете настрана од неискрени лица, како и од се што е неморално и илегално.

БЛИЗНАЦИ

2022 ќе биде далеку поуспешна година за лицата родени во знакот на Близнаци, отколку минатата 2021 година. Состојбата на смиреност е токму она што ви е потребно да ги средите мислите и да го посадите семето на позитивна енергија која за помалку од две години ќе ги даде своите резултати.

Но ова не значи дека оваа година ќе ви недостигаат акција и енергија. Ќе работите на јакнењето на амбициите и целите, но пред се, во смисла на создавање на ефикасни стратегии за постигнување на успех. Емоциите остануваат интензивни, а ставот е одважен во текот на целата година.

Можете да минувате низ период на двоумење кога станува збор за семејството или семејниот имот. Целата тензија која ја чувствувате е поврзана со зголемената желба за промена и ќе направите се за да го пронајдете патот кој ќе ве одведе до саканиот успех, па дури и ако патот е тежок и предизвикува сомнежи и страв.

Но, треба да бидете свесни дека ќе успеете штом сте излегле на крај со 2021– една од најстресните и најтешки години во вашиот живот. 2022 година ќе биде година на прогрес и развој. Во оваа година ќе ги мобилизирате силите да промените се што треба да се менува, како и да соберете одважност за нови можности кои се отвораат.

Првата половина од годината, до август, ќе биде многу дарежлива во финансиска смисла, додека другата половина ќе биде во знакот на поволности поврзани за психолошкиот развој. Обратете внимание на здравјето, бидејќи некои стари болести можат повторно да се вратат во оваа година.

РАК

Оваа година може да донесе бројни проблеми како што се песимизам, помалку самодоверба и верба во себеси,пад на физичката енергија, ограничена слобода во движењето, болести, различни препреки, одложување на големи планови.

Но, од друга страна со помош на вашата мудрост, перфекционизам, стабилност, издржливост и трпение можете лесно да го избегнете лошиот период. Ви се отвораат можности за градење на стабилни работи, за достигнување на повисоко ниво на мудрост и самопознавање, подобро разбирање на сопствените потреби и можности за остварување на зацртани цели.

Така добивате способност за создавање на позитивни мисли за натамошниот тек на вашиот живот.

Во поглед на приватниот живот, ќе бидете непобедливи во борбата за постигнување на зацртаните цели.

Првата половина од годината ќе биде во знакот на патувањата, култура, студии и врски на далечина (љубовни, пријателски), додека во втората половина ќе бележите успех во кариерата и на работен план, самопромоција и развој.

Кога станува збор за сентименталната сфера постојат оази на ентузијазам кои ќе отворат можност за уникатни искуства. Цела година генерално ќе ви биде во знакот на замисленост, грижи и блага апатија, но ќе ја задржите вербата во себеси и својата сила при донесување на одлуките.

ЛАВ

Сега конечно можете да се опуштите. Ќе добиете чувство на слобода, духовен напредок, додека вашата физичка енергија ќе биде во значителен пораст. Животот ќе ви делува поубав, а вие ќе имате впечаток дека вашите намери полесно се остваруваат.

2022 година ќе биде одлична година за вашата кариера. Оваа година имате вистинска можност и шанси за напредок и прогрес.

Во август ќе ви се отворат можности за профитабилна, финансиска заработка. Добри сте во организирање и планирање и генерално управување со финансиите што ќе ви донесе и подобар буџет.

Постои можност, одненадеж да пронајдете решение за здравствен проблем кој веќе подолго време ве измачува, што ќе доведе до клучна промена на подобро во вашиот животен стил. Во текот на 2022 ќе се опуштите повеќе, па ќе го подобрите и сопственото мислење за себеси.

Кога станува збор за семејството, атмосферата ќе биде и повеќе од идилична, а ако имате деца, тие ќе бидат главниот извор на вашето задоволство, гордост и среќа. Кога се во прашање љубовните односи, ќе бидете збунети, но и возбудени, повеќе отколку во текот на изминатата година.

ДЕВИЦА

2022 година ќе ви делува како долго чекано празнично време после премрежјата во 2021. Оваа година ќе биде клучна за вас во повеќе аспекти. Ќе почувствувате силно влијание и енергија која ќе ви дава волја сите обврски да ги извршувате со задоволство.

Оваа година ќе биде во знакот на воспоставување на врски, како со партнерот, така и со пријателите, бизнис партнерите и колегите. Истакнати ќе бидат вашите желби за нови работи, слобода и оргиналност.

Аспектите како што се некомформизам, егзотични интереси и новини, ќе донесат позитивни вибрации во секој тип на односи, без разлика дали се љубовни или бизнис односи.

Оваа година ќе имате многу среќа, па поради тоа ќе броите драстични успеси на сите полиња, а посебно на оние кои се однесуваат на групните здружувања и активности како што се дружбите со пријателите или работа во невладини агенции. Ќе ви се отворат бројни можности за квалитетно поминато време со драги пријатели.

Во текот на 2022 година ќе се зголеми вашата методичност, фокус, објективно размислување, способност за донесување одлуки, но и учењето, стекнување со нови знаења и искуства, како и создавање на ефикасен план за понатамошен развој на кариерата.

Ова ќе биде добра година за нови знаења и емотивни врски. Потрудете се да бидете отворени за нови и непредвидливи работи, настани и луѓе, а вашите фантастични искуства споделувајте ги со други луѓе.

ВАГА

Во текот на 2022 година, ве очекува промена на живеалиште, преселба во друг град или држава.

Може дури да се случи и наследство, иако ќе има и зголемена одговорност и грижа како и конфликт со родителите. Ќе постои атмосфера на отуѓеност и осаменост. Атмосферата во фамилијарните односи малку ќе се поправат, но само во август. Позитивниот набој ќе трае од 11 август до 9 септември.

По долго време повторно ќе ја почувствувате убавината на животот. Ќе бидете посреќни, а вашиот љубовен живот, како и кариерата ќе имаат позитивен предзнак. Она што ви се чинеше невозможно во 2021 година, ќе биде потполно остварливо во 2022.

Ќе се ослободите од стравовите и забраните кои сами себеси си ги наметнавте и ќе ја почувствувате подобрата страна на животот. Ќе сакате да патувате, да стекнувате нови искуства и да ги ширите своите знаења и образование. 2022 година ќе биде во знакот на големи промени и иницијативи на сите полиња.

Она што сепак нема да биде во знакот на прогрес е вашето здравје. Можни се проблеми со килажата, црниот дроб и висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта!

ШКОРПИЈА

Во текот на 2022 година ќе чувствувате голема доза на среќа, оптимизам и позитивна енергија, па ќе ви се чини дека апсолутно се’ можете да постигнете и остварите.

Позитивниот став кон животот и вашиот карактеристичен хумор нема да ве напуштат, напротив, ќе ви дадат сила да ги надминете и најтешките моменти. Ќе имате отворен дух за луѓето околу себе, како и за нивните иновативни идеи.

Вашата искрена и великодушна природа ќе биде акцентирана во овој период, па и настаните кои ќе следат ќе имаат подобар прием кај вас. Во текот на оваа година ќе имате поголема желба за осамување и да се одвоите од вашите ближни посветувајќи се на себеси и на своите потреби, па повеќе ќе патувате на далечни и егзотични дестинации.

Ќе дојдете во контакт со странци и мултинационални компании, а постојат и големи шанси дека ќе остварите долгорочни бизнис контакти со нив. Ќе се зголемат вашите когнитивни способности, па затоа 2022 година е добро да ја искористите за стекнување со нови знаења и искуства.

Во првата половина на 2022 ве очекува засилување на административните и организационите способности, што ќе ви даде дополнителна поддршка за исполнување на зацртаните цели и амибиции.

Ќе уживате во балансот на стабилноста во текот на целата година. Односите со љубовта како и со бизнис партнерите, колегите, но и пријателите, ќе бидат токму онакви какви што сакате. Кога станува збор за децата, за вас ова ќе биде многу важно прашање во текот на годината.

СТРЕЛЕЦ

Најголемите случувања за вас во 2022 година ќе бидат поврзани со кариерата. Ударот кој сте го доживеале во минатото, во оваа година ќе добие свое посилно ехо, па така вие често ќе се присеќавате на минатите денови.

Сепак, тоа ќе влијае на вашата посилна мотивација за да го решите проблемот и да придвижите и откриете нови хоризонти. Ќе доживеете доста авантури и непредвидени ситуации.

Ќе добиете мотивација да создадете нешто базирано на вашето претходно искуство и чувства кои сте ги стекнале за сите изминатите години. Вашиот успех ќе биде очигледен во 2022 година, но ќе бара многу труд и работа. Ништо не доаѓа преку ноќ, па така обврските и одговорностите ќе растат, а вашиот работен, како и финансиски успех ќе бидат далеку подобри во првата половина од годината.

На љубовен план и тука постојат знаци за успех и се отвораат нови можности. Но, запомнете – бидете внимателни, не верувајте секому!

Вашиот секојдневен живот ќе стане доста поопуштен и ќе се забавувате како никогаш досега. Ќе имате повеќе слободно време кое ќе го поминувате во потполно нови и неконвенционални активности.

Се на се’, ќе бидете далеку поотворени, попозитивни и ќе се впуштате во бројни социјални контакти, особено во втората половина од годината.

Кога станува збор за вашето здравје, вестите не се баш најдобри, па затоа внимавајте!

Негативните последици можете да ги поправите преку физичка активност и здрава исхрана, но секако очекувајте некои проблеми со коските и зглобовите, како и извесни проблеми со кожата. Редовните прегледи ќе ве заштитат од хронични заболувања.

ЈАРЕЦ

За лицата родени во знакот на Јарец, 2022 година ќе биде во знакот на врските и новите познанства. Оваа година ви носи некои нови лица во вашиот живот кои можат да ви станат пријатели, бизнис партнери, соработници, но и љубовни партнери!

Но, без разлика на големиот број нови луѓе кои ќе се појават, вие ќе бидете многу пребирливи кога станува збор за лица на кои ќе им дозволите да влезат во вашиот живот, бидејќи сакате да бидете опкружени со интелигентни, енергични и отворени луѓе.

Ова не е новина во вашиот избор на пријатели со кои го минувате времето, но оваа ваша карактеристика ќе биде дополнително изразена оваа година. Обратете внимание на своите остри критериуми и не претерувајте.

Ќе бидете многу претпазливи со луѓето кои ја немаат длабочината која вие обично ја барате во луѓето. Исто така, кога станува збор за односот со вашиот партнер, ќе минете низ доста двоумења и преиспитувања.

Обидувајте се да ги одбегнувате конфликтите, бидејќи работите нема секогаш да се одвиваат во ваша корист, а факт е дека и вашите очекувања тешко се исполнуваат.

Вашиот социјален живот ќе биде најактивен досега, иако целите на ова поле ќе ви бидат драстично прагматични и аналитични. За вас, тоа нема да биде само чиста забава и дружење.

Постојат големи шанси да се вклучите во некоја групна активност или друштвена организација, како што се на пример невладините организации.

Кога кариерата е во прашање, очекувајте прогрес и успех. Ќе дојдете во допир со доста луѓе кои можат да ви бидат од корист. Ќе се случат настани и лица кои ќе ви отворат нови врати.

Здравствената состојба за 2022 година ќе ви биде одлична, без поголеми проблеми!

ВОДОЛИЈА

2022 година е ветувачка кога станува збор за љубов, дом и материјално богатство. Во првата половина од годината до август, семејниот и љубовниот живот ќе ви бидат во фокусот.

Можно е да се селите во поголем дом или ќе се впуштите во поголемо реновирање, купување на нов намештај… Ќе се појават и поволни можности за купување на недвижнини или било каков вид на бизнис од овој вид.

Ќе ја имате поддршката од семејството за секој ваш потфат и генерално, кога станува збор за семејството, ќе владее апсолутна хармонија во односите – емоционална сигурност и доста оптимизам ќе ви стане секојдневие.

Одлуката за ново дете во оваа година треба сепак да се стави под знак прашалник. Но, ако веќе имате деца тие ќе бидат вашиот најголем извор на радост.

Вашите приватни односи ќе влезат во опуштена фаза и тоа набргу на почетокот од годината. После две години заладен однос со вашиот партнер, конечно ќе дојде до повторна емотивна поврзаност.

Односите со пријателите, но и со колегите на работа и партнерите, ќе биде во знакот на прогрес и напредување, па дури и ќе се исполнат некои долгорочни договори и стабилни врски кога станува збор за кариерата.

Во текот на летото, сѐ до септември ќе се јават одредени проблеми на работното место и тогаш би требало целото ваше внимание да го насочите кон нивно решавање.

Кога станува збор за вашата кариера и покрај позитивните вибрации ќе мора да направите некои крупни одлуки. Кога ќе созрее времето за тоа, бидете трпеливи и мудри.

Следните 12 месеци треба да очекувате денови исполнети со љубов и страст.

Кога станува збор за здравјето, стресот ќе биде вашиот најголем проблем, а решението лежи во физичката активност. Започнете да тренирате било што што ќе ве опушти и наполни со позитивна енергија.

РИБИ

2022 година ви носи големи успеси како на приватен така и на професионален план, па ако започнете било што во новата година ќе ви се зајакне и зголеми самодовербата.

Вашиот ентузијазам ќе се задржи до август, а страста и желбата за напредување ќе ве следи низ целата година. Вашата конструктивна енергија и креативност постепено ќе се зголемува. Ова е совршена година за работа на себе, за самопромоција и унапредување на вашиот интегритет во јавноста.

Очекувајте бројни можности за нови познанства. Оваа година изразени се односите со пријателите, односи со семејството, како и на работа со колегите и зближување со лица од други заедници со кои би можеле да делите исти интереси.

Помеѓу 1 мај и јули 2022 година ќе бидете фокусирани на интелектуалната сфера и доста време ќе поминете во патувања како и квалитетно поминато време со пријателите, семејството и бизнис партнерите.

Од 27 август до ноември, вашето поле на интерес ќе се сврти кон вашите најблиски лица: партнерот, пријателите, но условно кажано и на „непријателите“ и конкурентите. Ќе дојде и до расчистување на некои односи и ставање на работите на свое место!

Прегледи:
1926
Објавено на:
01.01.2022