Категории

Традиционална крводарителска акција во чест на Тоше Проески

Традицијата продолжува и оваа година. По осумнаесети пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба во соработка со ИТМ ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.

Крводарителската акција ќе се реализира на 25.01.2022 година (вторник) во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.
Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 000 единици крв.
При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.