Доаѓа момент кога ги прифаќате луѓето такви какви што се и без очекување дека ќе се променат. И сфаќаш дека секој си живее свој живот и сам одговара за нештата што му се случуваат. Доволно е да ја имаш својата цел и да ја следиш, а што другите велат и прават веќе не ти е важно. Доаѓа момент кога ви се чини дека губите некои луѓе во животот само затоа што сте биле тоа што сте, а потоа кога ќе размислите малку подобро сфаќате дека всушност ништо не сте изгубиле. Тие се оние кои изгубија.
Доаѓа време кога веќе не се прашувате дали животот е фер или не, бидејќи кој сте вие да дадете одговор на тоа прашање. Сè што можете да направите е да сфатите дека ќе има уште многу убави мигови на овој свет за вас, а што прават другите е нивна работа. Доаѓа момент кога сфаќате колку луксузен е фактот дека ништо не ве боли навечер и дека вечерва ќе можете да се одморите во мир.