Некои работи се безвременски и тие се трансформираат од една форма во друга, но секогаш се тука да не` потсетат на нивната вечност. Таква е и приказната за чипката како моден детаљ во современиот дизајн на долна облека. Детаљ кој секогаш е тренди, а воедно потсетува на класиката. Ако ваквиот безвременски детаљ го сместиме во колекција на долна облека која е претставена во несекојдневен амбиент како што е каменолом и со олд тајмери, тогаш треба да се нагласи дека сето тоа е направено со многу страст и возбуда.
А за страста кога се зборува, секогаш зборовите ќе се малку, но затоа делата направени со страст зборуваат многу повеќе. Така е и со новата чипкана колекција “Driven by passion” на Сара Фешн. Инспирирани од овој безвременски феномен Сара Фешн создаде дизајн кој недвосмислено не` потсеќа на светските класици.
Во колекцијата се раскажува приказна која симболички ги поврзува совршените линии на женското тело со дизајнерските уникати кои секогаш будат страст. За сензуалната долна облека велат дека можеби секој не може да ја види, но секој може да ја почувствува. Тоа го потврдуваат сите кои се дел од оваа колекција инспирирана од страста. А несекојдневниот начин со кој се претставува “Driven by passion” само го потврдува фактот дека спојот на олд тајмерите и чипката е класика која никогаш нема да исчезне.
Ова е колекција за луѓе со префинет стил и истенчен вкус, за оние кои ја ценат и секојдневно ја воспеваат и пронаоѓаат убавината насекаде околу нив. Чипканата колекција “Driven by passion” на Сара Фешн сама по себе ги истакнува сензуалните детали кои ја красат секоја жена и ја пренесува возбудата на повисоко ниво.