Категории

Инспиративни цитати за врските помеѓу луѓето

Врските што ги имаме со луѓето околу нас се наоѓаат во срцето на животот што го живееме. Врските со фамилијата, со колегите или пак со блиски и далечни пријатели се најесенцијалното духовно богатство без кое е тешко да се замислиме. На нас останува како ќе ги развиваме и негуваме тие врски, а од тоа ќе зависи нашата среќа и среќата на оние околу нас.

Во продолжение Ви споделуваме неколку инспиративни и корисни совети од мудри луѓе. 

1. „Средбата помеѓу две личности е како контакт на две хемиски супстанци, ако има каква било реакција, и двете се трансформираат“ – Карл Јунг.

2. „Со добро друштво ниту еден пат не е долг“ – Турска поговорка.

3. „Можеби ќе заборават што сте кажале, но никогаш нема да заборават како сте ги натерале да се чувствуваат“ – Карл В. Бухнер.

4. „Заедничката радост е двојна радост, заедничката тага е половина тага“ – Шведска поговорка.

5. „Жената го знае лицето на мажот што го сака исто како морнарот што го знае отвореното море“ – Оноре де Балзак.

Прегледи:
459
Објавено на:
16.11.2022