Категории

Скопје Сити Мол го донираше приходот од Сити Театарот на “Дневен центар – Доза среќа”

Скопје Сити мол го докажува својот статус на општествено одговорна компанија, која преку продадените билети од 3-те минатогодишни циклуси на театарски претстави во Сити театар донираше 250,000 ден. за Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром “Дневен центар – Доза среќа”од Скопје.

Взаемно со нашите посетители придонесуваме за повеќе детски насмевки, за среќа во сите детски очи. Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во нашиот и пред се Ваш Сити театар, кој го започнува четвртиот циклус на хуманитарни претстави започнувајќи од 26.02.2023 година.

Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко – драмски претстави, наменети за деца од 3 до 10 годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички ефекти, исполнети со ласерски анимации, проекции и друго, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде составен дел од  претставите. Ви ветуваме прекрасни моменти, доживувања и уживање во најголемата Синеплекс сала на Скопје Сити Мол.

“Го создадовме Сити театар бидејќи од самото наше постоење како мол имавме имплементирано голем број на театарски изведби. Воведената традицијата на негување на театарот во рамките на нашата институција прерасна во создавање на редовен театар – Сити театар, кој меѓу другото има и хуманитарен карактер.

Сите досегашни циклуси на претстави беа во целост распродадени, што е доволен показател за хуманата заложба на нашите посетители. Затоа ние и понатаму ќе се стремиме кон целосно задоволување на сите потреби на нашите посетители и тоа на највисоко можно ниво. Се обврзуваме секојдневно да се надградуваме и да бидеме во чекор со времето и реномето на нашиот мол, кој секогаш се труди да обезбеди максимални услови, добра организација и пред се добра културна програма со посебен акцент кон најмладите.

Нашата интенција е и оваа година да овозможиме редовни културни манифестации преку Сити тетарот со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме исклучивно наменски средства кои ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели.

Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде “Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме” – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

 

Прегледи:
318
Објавено на:
23.02.2023