Категории

ДВЕ МОЖНОСТИ ЗА ОБУКА НА ВОЛОНТЕРИ НА “TALLINN MUSIC WEEK 2023”

Двата македонски фестивали, Таксират Фестивал и Д Фестивал, заедно со фестивалите „Ypsigrock“ (Италија) и „Haldern Pop“ (Германија), како и повеќе општествени и музички организации од Европа се обединија да одговорат на нивните заеднички предизвици во музичката индустрија. За оваа цел групата има создадено две програми, кои разгледуваат две различни проблематики, за градење на волонтерските капацитети кои ќе се одржат во склоп на „Tallinn Music Week 2023“. Овие две програми се „SAFEPLACE“ (Безбедно место) и „SMA – Small Music Accelerators“ (Забрзувач на Мали Фестивали) на кои сите заинтересирани можат да се пријават преку отворените повици веќе во тек.

Таксират Фестивал е дел од програмата „SAFEPLACE“ финансирана од страна на „Agenzia Nazionale Per i Giovani“ (Национална агенција за млади во Италија) и програмата на ЕУ – „Еразмус+“ која дополнително во соработка со „Music Estonia“ (Естонија), општествените активисти „APS Nous“ (Италија), уметничките организатори „BJCEM“ (Белгија), како и волонтерските експерти „Vitatiim“ (Естонија) имаат цел да ја развијат инклузивноста и правичноста во културните настани. Преку волонтерската професионалност ваквите вредности можат да имаат огромно влијание врз новата генерација на љубители и организатори на фестивали. Оние заинтересирани во оваа програма можат да се пријават и дознаат повеќе информации, ТУКА.

Додека пак, Д Фестивал, исто така со дополнителна помош од општестевни и музички орагнизации „Music Estonia“ (Естонија), „Melting Pro“ (Италија), и „Turismo Vivencial“ (Шпанија) се дел од проектот „ЅМА“ финансиран од Креативна Европа чија цел се социјално, финансиски и еколошки одржливите бизнис модели. Оваа цел програмата ќе ја постигне преку обука на волонтери, создавање на професионална инфраструктура и перспектива, развивање на туризам и зајакнување на врската со секакви засегнати страни на база на високо-вредносна позадина. Клучниот збор на „SMA“ е одржливоста: решавање на проблеми и учење од најдобрата пракса, тренинг и едукација во сите слоеви на организацијата, како и споделување на знаењето кое не само што ќе го забрзаат настанот на партнерите, туку ќе има и позитивно влијание врз целата фестивалска заедница. Оние кои се пронаоѓаат во оваа тематика, можат да дознаат повеќе и да се пријават на „ЅМА“, ТУКА.

Градењето на капацитет е во сржта на овие програми. Проектот нуди ексклузивна обука за следните генерации на професионалци за настани во живо, селектирани од денешните и идните волонтери на настаните на партнер организациите во проектот. Опфаќаат серија од актуелни теми. Честите предизвици како логистика, човечки ресурси, комуникација, продукција, администрација, букинг и општиот сектор за жива музика се дури поголем предизвик за фестивали во периферни региони. Проектот се фокусира на меките вештини и ја обележува разликата на комерцијалните настани: подобрување на разновидноста во сите форми, социјална и етничка вклученост, како и љубовта за содржината, заедницата и уметноста.

Подготвителни онлајн курсеви ќе се одржат во април 2023, балансирајќи го степенот на знаење помеѓу апликантите и партнерите. Покрај технички прашања и терминологија, лекциите ќе бидат и воведен дел за погоре-споменатите теми и ќе бидат водени од партнерите на проектот користејќи ги нивните вештини како и поканување на надворешни експерти.

Ќе се одржи 5 дневна програма за обука во живо во Талин, Естонија од 9 до 13 мај, и ќе ги вклучи учесниците и тимовите на партнерите во ексклузивни лекции и панели, како и ќе им пренесе клучни информации одржани од страна на сите партнери и поканети експерти. Овие активности ќе се случуваат секое попладне преку интерактивни работилници за разработување на темите на проектот и да се развие интересен и иновативен начин за применување на истите. Тренингот ќе се одржи во склоп на „Tallinn Music Week 2023“.

Настани за градење на капацитет кои се однесуваат до пошироката волонтерска заедница ќе бидат одржани од страна на партнерите на проектот во периодот помеѓу крај на мај и почеток на јуни 2023 со мотото „sharing is caring“ (споделување значи грижење). Искуството кое ќе биде стекнато преку курсот ќе биде споделено во специјално созддени работилници за зголемување на свеста и интерес кај волонтерите, како и стимулирање на интерес кај новите посетители на фестивалската заедница.

 

Прегледи:
280
Објавено на:
24.03.2023