Со помош на вештачка интелигенција, YouTube се обидува да направи алатка со којашто би се резимирале видеата.
Ова сега засега е достапно само за ограничен број видеа на англиски јазик.
Оваа нова функција овозможува брз преглед на видеото со што корисниците би губеле многу помалку време и за кратко би одлучиле дали видеото што го пуштиле е вистинското за нив.
Од YouTube исто така се надеваат дека резимеата се корисни и ќе ги задоволат корисниците.