Категории

Дел од Кинескиот ѕид е оштетен од градежни работници

Во централната провинција Шанкси, градежни работници користеле багер со којшто се обидувале да создадат пократок пат за нивните градежни работи и направиле сериозна штета на познатото светско чудо, Кинескиот ѕид.

Двајцата градежници се приведени и случајот е под натамошна истрага.

Инаку, Кинескиот ѕид е долг 21,196 километри што го прави вистинско светско чудо!

Сепак, иако познатиот мит вели дека истиот е видлив од вселената, вистината е дека не може да се види со голо око.

Може да се види на сателитски слики, но сепак тесната ширина и боја го отежнуваат разликувањето од околниот терен.

Прегледи:
192
Објавено на:
06.09.2023