Присуството и ангажираноста онлајн е од клучно значење за стартапите.
На тој начин тие достигнуваат до поширок опсег на публика, а во исто време воспоставуваат доверба и лојалност со потенцијалните клиенти.
Еве неколку начини за градење на силна онлајн врска:
1. Професионална веб-страна
Професионален веб-сајт е камен-темелник кога станува збор за рекламирање на стартапите. Истиот треба да биде лесно достапен за корисниците, визуелно привлечен, лесен за навигација и да биде оптимизиран и за десктоп и за мобилни уреди.
2. Маркетинг со содржина
Висококвалитетна и релевантна содржина е од клучно значење за привлекување на вашата целна публика. Ова подразбира пишување на блогови, статии, создавање видеа и слично.
3. Имејл маркетинг
Составете листа со електронска пошта и користете ја за да комуницирате со вашата публика. Праќајте им весници, ажурирања, промоции и пресонализирана содржина за да ја негувате врската.
4. Онлајн рекламирање
Размислете за користење на платени канали за рекламирање за да привлечете што повеќе сообраќај кон вашиот веб-сајт.
5. Онлајн партнерства и соработки
Размислете за соработка со влијателни личности, блогери и комплементарни бизниси за да го проширите досегот.