Категории

Во Њујорк се изврши првата трансплантација на око во светот!

Хирурзите од Њујорк најавија дека ја извршиле првата трансплантација на цело човечко око.

Ова е првата од ваков вид операција во светот иако на пациентот не му се вратил видот на окото.

Операцијата траела цели 21 час, а од тимот велат дека ова е огромен чекор и се горди на направеното.

Имено, пациентот доживеал струен удар кога случајно допрел струја под напон во 2021 година.

Иако, сега засега нема некоја голема надеж за враќање на видот, ситуацијата вниматлено ќе се следи и ќе се забележуваат промените.