17 МАРТ
МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА
20:00
Кога сме кај затворањето на круговите со ,,30 години Авалон”, мора да се навратиме на едно име кое е важно за нас, а среќа и за вас.
И ние си имавме наша транзиција во работата, која започна во МКЦ, а продолжи во Универзална сала :)
Историјата кажува дека први наши концерти таму беа концертите со Мишо Ковач, но евидентно најуспешниот проект некогаш воопшто направен во Универзална сала, од нејзиното постоење, па се до нејзиното затворање беше токму нашата пријателка Данијела Мартиновиќ, со која Авалон Продукција распродаде неверојатни 11 Универзални сали во само 2 и пол години?!
За среќа, Данијела и денес е една од најголемите хрватски ѕвезди, активна и актуелна со нови албуми и безброј хитови, па време е за нејзин концерт во Македонска филхармонија, во ова време на… знаете веќе што.
Со Данијела една работа е секогаш сигурна – срцето и’ е секогаш 1000% на сцена.
Данијела Мартиновиќ и нејзиниот бенд на 17 март премиерно, за првпат во Македонска филхармонија!
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (21 феврури) од 09 часот наутро онлај на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx по следните цени и категории:
1.200 денари и
1.500 денари.
Ваша,
Авалон Продукција