Дневната соба е еден од најважните простори во домот, простор во којшто престојуваме најмногу, а доколку не сакате целото Ваше скапоцено време да го поминете во чистење и средување, направете ги овие промени:
1. Ослободете се од различните перници, ќебиња, украсни вазни и разни мали украси коишто зафаќаат премногу простор. Оставете само неколку наместо цел куп.
2. Инвестирајте во простор со скриени прегради за да се ослободите од работите коишто секогаш ги оставате на масите.
3. Инвестирајте во кожа материјал којшто е стилски и лесно се чисти доколку чувате милениче дома.