Категории

Искористете ги празниците: 15 начини како да го израдувате вашиот партнер

Празничното време честопати е време на гужва, стрес и големи трошоци. Од друга страна, ако имате деца повеќето празнични подготвувања се насочени кон нивната радост. Во сето ова многу е лесно да се изгуби чувството на возбуда и весели моменти коишто би требало да ги носат новогодишните празници. Но, тоа не би требало да е така.

Со малку волја и вложен труд, вие и вашиот партнер можете да уживате во новогодишните и божиќните радости во интимна атмосфера. За некои ќе ви биде потребно повеќе планирање, додека пак за некои помалку. Како и да е, овде ви презентираме неколку идеи коишто може да се прилагодат според различните желби и можности. Не пропуштајте ниту една празнична романтична вечер.

1. Облечете се во пижами, запалете свеќи и заедно напијте се од виното коешто со години сте го чувале за посебни прилики.

2. И двајцата облечете посебна празнична долна облека и препуштете се на празничната магија.

3. Пуштете празнична музика во којашто уживате и двајцата и почнете да танцувате.

4. Возете се или прошетајте по градот и околината и уживајте во новогодишната атмосфера.

5. Влезете во отмен ресторан во којшто не можете да си дозволите вечера и нарачајте само предјадење и/или десерт.

 

6. Гледајте класичен празничен филм додека го јадете омиленото јадење.

7. Заедно јадете скапо чоколадо коешто не би го дале на своите деца.

8. Подгответе си топло чоколадо и во него додајте малку алкохолен пијалак.

9. Шетајќи по градот, купете си топол пијалак и разгледајте ги празничните штандови.

10. Изненадете се со луди новогодишни и божиќни подароци…

11. Доколку има снег, направете борба со снежни топки, исто како во вашето детство.

12. Подгответе вечера само за вас или за вашите најблиски пријатели.

13. Масирајте се меѓусебно на светлината од свеќи додека слушате интимна .

14. Одете на кино или театар.

15. Направете си посебна пенеста купка во којашто ќе уживате и двајцата.

Прегледи:
587
Објавено на:
03.01.2016