Категории

Помалку познати факти за бременоста

Бременоста е можеби најволшебениот период во животот на жената. Но дали знаете што навистина се случува во тие девет месеци?

Многу трудници сметаат дека се дебели и воопшто не се привлечни и дебели, но мажите не се согласуваат со тоа. Дури 60% од мажите својата бремена партнерка се уште ја сметаат за многу привлечна. Понатаму, 27% од испитаниците изјавиле дека партнерките им биле уште повеќе привлечни додека биле бремени.

Многу пати сме слушнале дека обликот и големината на стомакот го откриваат  полот на детето, но тоа не е вистина.  Полот го откриваат градите на трудницата односно кај трудниците кои носат женско дете градите се поголеми а тоа е затоа што машките фетуси произведуваат тестостерон кој донекаде го спречува растот на градите.

Кога бремената жена го сонува своето неродено дете и во сонот го открие полот на детето, обично е во право! Во позадина на тоа е женската интуиција која ја потврди и науката.

Неколку истражувања покажале дека слабите жени, односно оние кои имаат помалку килограми од просекот, почесто раѓаат девојчиња.

Прегледи:
566
Објавено на:
08.01.2016