Кученцето Мару обожава да спие. Тој може да заспие во кое било време и на кое било место. Но, најинтересното нешто е што кога тоа спие, многу наликува на своето поларно плишано мече бидејќи секогаш се мести во истата положба како играчката. Токму поради овие негови интересни навики, Мару има 2,3 милиони следачи наИнстаграм.
„Фотографиите ја имаат моќта да ги уништат сите бариери: раса, пол, религија, филозофија и политика“, вели Оно, а неговиот Мару ги поминува сите овие граници и секојдневно ги развеселува луѓето низ светот.
Погледнете дел од неодоливите фотографии на Мару, кои се објавени на неговите социјални мрежи!